Ај Кју веќе не се само музичко-љубовна, туку отсега официјално и брачна двојка! Бојан и Марија co свадбена веселбa ја крунисаа својата естрадно – љубовна врска која трае со години и во почетокот за нив „забрането јаболко“ од страна на родителите на пејачката.

Но, љубовта очигледно на крајот сепак победува, иако можеби патот до судбоносното ДА понекогаш е трнлив. Особено ако истата е надополнета и со она што најмногу го сакаш како професија, а тоа во случајов за Бојан и Марија е музиката.
А тие двајцата попознати како дуото „Ај Кју“, токму со музика, поточно со песна го најавија она што сега го заокружија со нивната свадбена веселба!

Имено, во почетокот на месец април годинава, ја објавија нивната песна „Мажена“, па освен можеби нивните домашни и најблиските другари, јавноста помислки дека се работи само за обичен наслов на новата музичка тема на „АЈ Кју“. Сепак, сомнежите не изостанаа дека во позадина на насловот на песната можеби се крие и некоја друга работа, која ова музичко парче ја најавува. И не згрешија, зашто не помина ниту едвај еден месец кога естрадно-љубовнаиот пар и јавно обзнани дека Бојан и Марија чекаат принова! Пејачката е бремена, а Ај Кју од семејно дуо стануваат трио!

Можеби токму затоа и побрзаа да ја направат и свадбената веселба, во која паралелно ја озваничија и својата врска крунисувајќи ја со брак! Потписот на младоженецот и бремената невеста ставен во матичната книга на венчани во локалот каде што свадбената веселба се одвивала пред не премногу голем, внимателно одбрани званици.

Невестата во бела „сирена крој“ венчаница од свила и тантела, младоженецот во „ноншалантен аутфит“, променет во небесно син костум и бела кошула без вратоврска.

За првиот свадбен танц очигледно немало дилеми кога музиката во прашање, па Бојан и Марија ја избраа нивната победничка песна од Скопскиот фестивал во 2015 година, насловена „Убава“! Посоодветна и не можеа да изберат!
Свадбената веселба повеќе наликувала на журка, впрочем како и што и прилега на една естрадно-брачна двојка, во која меѓу останатите за инструментите и песната се фатиле и зетот и невестата.
Свадбена веселба без свадбена торта не бидува, а како што е редот прва треба да ја проба невестата…. Особено ако е бремена, како во случајов Марија, која Бојан покажа дека ќе ја храни и чува како гулабица.

Се на се, Бојан Трајковски и Марија Ивановска затворија едно животно поглавје и отворија ново, кое ќе биде уште побогато и повозбудливо, кога ќе пристигне приновата на овој свет. Нека се среќни и вечни!

Фото и видео: Инстаграм/bojan_com




