Колачот од лимон е класика на секоја пролетна сезона и е идеален десерт во кој ќе уживате.
Иако многу слаткарници имаат своја верзија на овој популарен десерт, авторката на популарниот блог „Jane’s Patisserie“, Џејн Дан, го откри својот креативен рецепт за овој колач.
Тајната за подготовка на овој колач е скриена во додаток од овошје кој дава единствена нота и сочност, а тоа се боровинките. Џејн тврди дека комбинацијата од лимон и боровинка се покажала како хит во многу од рецептите што ги подготвила.
Состојки:
225 грама путер
225 грама шеќер
225 грама брашно
50 грама мелени бадеми
четири јајца
кора од два лимона
150 грама свежи боровинки
150 грама шеќер во прав
сок од еден лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете правоаголен сад за печење со хартија за печење. Во голем сад, изматете го омекнатиот путер и шеќерот додека смесата не стане лесна и кремаста. Додадете го брашното, мелените бадеми, јајцата и ренданата кора од лимон и повторно измешајте сè додека состојките не се соединат. Конечно, со шпатула измешајте ги боровинките во смесата, внимавајќи да не ги згмечите. Рамномерно распоредете ја смесата во подготвениот калап и израмнете го горниот дел. Печете во загреана рерна 45 до 55 минути.
Проверете дали колачот е испечен со чепкалка за заби во средината. Оставете го испечениот колач целосно да се олади во калапот пред да го прелиете со глазурата. За глазурата, измешајте шеќер во прав и сок од лимон во мал сад. Мешајте додека не добиете густа, мазна паста. Прелијте ја глазурата врз изладениот колач. Пред сервирање, можете дополнително да го декорирате колачот со свежа кора од лимон и боровинки. Уживајте во вкусен пролетен десерт.
фото:freepik
извор:курир.мк







