Познатата водителка Николина Пишек не престанува да ја воодушевува јавноста со својот изглед, а откако доби бројни комплименти за нејзините фотографии со костим за капење ова лето, таа откри што точно стои зад нејзината затегната фигура.

Иако многумина мислат дека станува збор само за генетика, Николина Пишек докажа дека нејзиното тело, кое е затегнато „како конец“, се должи на напорен тренинг и специфична диета, пишува Блиц.

Водителката ја одржува својата фигура со редовни вежби на пилатес реформаторот. Ова се исклучително тешки вежби кои бараат голем напор, но ефикасно го затегнуваат целото тело.

Интересен детаљ од нејзиниот тренинг е тоа што таа секогаш го носи своето куче во теретана, кое безгрижно трча околу неа додека таа вежба во тренерки.
Иако има совршена фигура, Николина признава дека не се оптоварува премногу со храна и дека понекогаш јаде „доста многу“.

Нејзините навики во исхраната се донекаде нередовни, а појадокот го прескокнува целосно затоа што, како што вели, нема време да јаде наутро поради обврските и брзањето.
Foto: print screen/Instagram/nikolinapishek






