Едноставно направени тиквички, безмесни и освежителни.
Состојки:
5 парчиња тиквички
300 грама кравјо сирење
100 грама пармезан
2 големи лажици павлака
100 грама салама (пилешки гради)
магдонос
3 јајца
сол, бибер
масло
Подготовка:
Ставете ги тиквичките во тенџере со врела вода да зоврие малку (само 2-3 минути).
Подгответе длабок сад со ладна вода во кој ќе ги ставите топлите тиквички.
Направете засек по должина (околу 1/3 од ширината на тиквичките), извадете ја внатрешноста на тиквичките (исечете ги на мали коцки) и оставете ги да се исцедат од водата.
Изматете ги јајцата, изрендајте сирење, додадете павлака, сецкан магдонос и зачини.
Внатрешноста на тиквичките запржете ја во маслото, додадете ја саламата и пржете ја смесата заедно додека не се исцеди целата течност.
Додадете ја оваа смеса во смесата со сирењето и измешајте.
Наполнете ги тиквичките со филот, кога ќе бидат готови прелијте ги со една лажица масло и пармезан и печете на 200 степени околу 20 минути додека не добијат боја.
извор: Курир
фото:freepik







