Познатата холивудска актерка Камерон Дијаз (54) и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден, ја објавија среќна вест – нивното семејство стана побогато за уште еден член.
Веста за раѓањето на синот ја сподели Бенџи на социјалната мрежа Инстаграм, каде што напиша дека тој и Камерон се „среќни, возбудени и благословени“ за доаѓањето на нивното трето дете, момче по име Наутас Маден.
„Добредојде на светот, сине“, рече гордиот татко, додавајќи дека нивното семејство ужива во заедничкиот живот и дека децата се здрави и среќни.
View this post on Instagram
Двојката, која е во брак од 2015 година, веќе има две деца – ќерката Радикс, родена во декември 2019 година, и синот Кардинал, роден во март 2024 година. И двете ги добија со помош на сурогат мајка.
Иако не објави фотографија од новороденчето, Бенџи сподели илустрација од бродот и значењето на името Наутас, кое се преведува како „морнар“, „навигатор“ или „патник“ – личност која тргнува на патување и не се плаши од непознатото.

Во коментарите под објавата, Камерон ја изрази својата радост со низа емотикони во форма на ѕвезди и срциња, дополнително потврдувајќи ја среќата на новодојдениот член на семејството.
фото:Instagram printscreen/camerondiaz







