Пејачката Тамара Тодевска е активна на Инстaграм иако неодамна ги избриша сите претходни фотографии од таа мрежа, таа продолжува со своите следбеници да споделува што има ново од професионалниот, но и од приватниот живот.

Така, денес Хана нејзината ќерка која ја има од бракот со Александар Димитровски Мачка, денес (29.04) полни 10 години, а пејачката јавно и го четиташе роденденот.
Тамара, редовно за ќерката подготвува специјална роденденска честитка, а за овој јубилеј таа едноставно само на кратката приказна сподели две денешни фотографии.

На едната Хана позира со својот помал брат Дарен, а на втората е пејачката заедно со децата и саканиот, архитектот Лука Радовиќ.
„Среќен роденден прва мамина љубави“, напиша Тамара на фотографиите кои ги објави.
За истиот повод се огласи и нејзиниот сегашен партнер, Лука кој исто така на неговата приказна објави фотографија од Хана со цел да и го честита роденденот.

„Најсреќна да си, очи моје плаве“, напиша тој покрај фотографиите од славеничката која позира сама, но на една и комплет заедно со нив.
Инаку, Лука и Тамара заедно се веќе три ипол години, и со децата на пејачката често создаваат заеднички и убави спомени кои ги споделуваат пред следбениците.
Foto: printscreen/instagram/tamaratodevska/radovic_lukaa






