Радио Милева резиме за љубовта

Ева Нединковска го покажа најемотивното од свршувачката: „Убави нешта се случуваат, ние бираме во што ќе веруваме

Ева Нединковска го покажа најемотивното од свршувачката: „Убави нешта се случуваат, ние бираме во што ќе веруваме

Пред големиот христијански празник Велигден екс- пејачката, а сега успешна деловна жена, Ева Нединковска и саканиот Филип  ја официјализираа врската, многу брзо откако блесна свршеничкио прстен на нејзинтата рака.

Претходно, тој ја запроси на патување во Будимпешта, а откако таа му кажа „Да“, јавно обзнанија пред сите за тоа дека љубовната врска преминува на следно ниво.

Идните младоженци решија и пред најблиските да ја потврдат својата љубов или народски кажано да си дадат збор пред семејствата и со тоа да најават и венчавка.

Свечениот ручек се случил во еден ресторан, од каде идната невеста објави галерија фотографии од каде за секоја своеше дел како парче од нивната љубовна приказна.

Но, најпрвин, албум Ева го наслови преку библиски стихови во кои се вели:

„11.4.2026, сабота пред Велигден.
Наш ден, веридба.
Ден за ветување, посветување, радост и благодарност,гласи насловот на албумот во кој продолжуваат стиховите од Библијата:
“Секој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Оте­цот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена. Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.” – Јаков 1:17-18“

Но тука не завшија нејзините љубовни резимеа споени од чувства претопени низ реченици:

„Во периодот кога пуштив сè што ми беше вишок, ме најде тој.

Се молевме еден за друг долго пред да се запознаеме.

Искусив дека е сила кога препушташ водство на маж кој го следи Бог и чија среќа и цел е да ве држи вас две безбедни и среќни.

Бев мирна зашто знаев дека кога е од Него ќе ми се потврди и ќе знам.

Мислев дека е сила да успеваме јас и таа секојдневно, самостојно.

Мислев дека треба сè да е совршено. Јас совршена, работата совршена, домот совршен, животот совршен… за да сум спремна и да дозволам да бидам сакана.

Сите денови кога семејството е собрано се за мене посебни.

Но кога семејството се шири тогаш и срцата на сите се шират за да соберат нешто што во овие редови не го собира.

Љубов.

 

Ева и Филип изгледаат заљубени и среќни, а тоа сакаат да го покажат пред сите, па и да оформат здрава брачна заедница за која очигледно дека се цврсто решени.

За поптсетување, Ева повеќе од 15 години не е дел од македонската музичка сцена, но публиката и понатаму ја памети. Естрадниот живот е зад неа, а денес успешно плови во бизнис водите и е целосно посветена на својата деветгодишна ќерка Ена од првиот брак и е успешна жена претприемач.

Времињата дувнаа нов ветар, а Ева полна со ентузијазам, позитивна енергија и секако вистинска љубов, реши повторно да се скраси и со новото „Да“ одново да биде на љубовна фреквенција, веруваме вистинската овој пат!

фото: Facebook/ Eva Nedinkovska

To top