Уживајте во вкусовите на свежата риба и морската храна на вашето ново омилено место во Скопје. Рибниот ресторан „БАС“ ги отвори вратите за љубителите на свежа морска храна.
Мирисот и вкусот на морето од сега поблиску до вас, „БАС“ не е само ресторан, тоа е новата гастрономска дестинација во која уживањето е загарантирано, и преку вкусовите и во амбиентот.

Со внимателно одбрано мени инспирирано од медитеранската кујна, ресторанот нуди врвно гастрономско искуство преку квалитетни состојки и автентични рецепти.
View this post on Instagram
Ваше е да изберете, од сочни морски плодови, преку традиционални рибни специјалитети, до модерни кулинарски креации – секое јадење е подготвено со посветеност и страст кон добрата храна.
Амбиентот е елегантен и топол, создаден за уживање во опуштена атмосфера, без оглед дали се работи за деловен ручек, романтична вечера или дружба со пријатели.

Добредојдовте во светот на врвните морски вкусови.
Рибниот ресторан „БАС“ се наоѓа во Тафталиџе на улица „Лондонска“ број 6 (поранешен ресторан „14“).
Резервации на телефон: 075 314 285







