Пејачката Драгана Мирковиќ за првпат јавно проговори за својата внука и не ги криеше своите емоции за новодојденецот во семејството.
Имено, нејзиниот син Марко Бијелиќ неодамна стана татко на девојче кое тој и неговата сопруга Мелани го крстија Ксенија.
Гордата баба истакнува дека нејзината внука веќе го освоила нејзиното срце.
-Ксеница е преслатка. Таа веќе ги подава рацете за да ја земам. Таа е мојата душа и среќа – рече Драгана и откри каков е нејзиниот син во улога на родител:
– Тој е совршен татко.

Патем, Драгана е гостинка на концертот на Лепа Лукиќ во Сава Центар, каде што не го криеше задоволството што е дел од овој музички настан.
– Лепа е голема легенда и пресреќна сум што учествувам на нејзиниот концерт. Кога ме покани, без размислување реков „да“. Се радувам и верувам дека публиката ќе ужива во тоа, бидејќи го заслужуваат тоа. Со години се почитуваме и сакаме – рече Драгана.
фото: Instagram printscreen/dragana_mirkovic







