Само неколку дена пред свадбата на нејзината мајка Мелина, Џина Џиновиќ ги деактивираше сите профили на социјалните мрежи.
Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ ќе се омажи за богатиот англиски бизнисмен, Џефри Пол Арнолд Деј, во Монако во сабота, 18 април.
Прославата ќе биде исклучително гламурозна и ќе се одржи во еден од најлуксузните хотели, кој е омилено место на светските милијардери. Гостите доаѓаат од целиот свет, а на местото на прославата ќе пристигнат со луксузен организиран превоз, вклучувајќи јахти и хеликоптери.

Ќерката на Мелина, Џина, ги деактивираше сите свои социјални мрежи неколку дена пред свадбата. Иако овој потег ги изненади многумина, јасно е дека Џина сакаше да ја почитува желбата на нејзината мајка целата церемонија да се одржи во строга тајност.
Патем, кума на Мелина на свадбата ќе биде Гордана Кариќ, ќерка на Славица и Сретен Кариќ, која веќе пристигна во Монако.
фото:printscreen/Instagram/djinadzinovic







