Радио Милева „дуо - трио“...

Антониа Гиговска и Благица Павловска во дует, но тука кругот не е затворен: Уште некој недостасува, белким не е Столе?

Антониа Гиговска и Благица Павловска во дует, но тука кругот не е затворен: Уште некој недостасува, белким не е Столе?

Ниту строгата тајност, ниту обидите да се сокријат од јавноста не помогнаа, па кога веќе информациите излегоа надвор од студиото, зошто и јавно да не се објави. Една од најголемите женски фолк легенди и една од најактуелните млади поп пејачки во моментов подготвуваат заеднички дует кој  навидум се чуваше, ама не се дочува во најстрога доверливост.

Имено, легендарната македонска фолк пејачка Благица Павловска и нашата најпопуларна млада поп пејачка Антониа Гиговска во дует. Комбинација за атракција или… ќе каже наскоро самата ситуација, откако песната која е веќе готова и чија промоцијата треба да биде во месец јуни, ќе биде објавена. Овој неочекуван спој на две различни генерации и стилови е на пат да стане најголемата атракција ова лето на естрадата.

Антониа на своите профили на социјалните мрежи веќе објави заедничка фотографија со својата повозрасна колешка, зашто повеќе и нема што да се крие. Освен едно…

Дуетот навидум необичен и неочекуван, но е дали ќе биде само дует? Или е во прашање „дуо-трио“?

Имено Гиговска покрај заедничката фотографија со Благица ја загатна и дилемата: Кој недостасува на фотографијата? Односно кој е третиот во оваа музичка приказна? Фолкер, рокер, рапер, трапер, поп или ар ен би пејач или можеби уште една пејачка? Кој тоа уште  упаднал меѓу двете распеани грации од различни генерации,  ќе им легне ли во песната како „кец на десетка“ или ќе биде вишок како „Џокер у покер“?

Но, тоа не е се… Обожавателите побараа да се затвори кругот. И тоа од Антониа.

Деновиве наголемо се врти во етерот новата песна на младиот Јанг Дади… Во рефренот  – стар штос, нова… фраза! На времето беше: „Те поздрави Лидија, која Лидија – качи се на (знаете веќе што)  па види ја“! Е сега малиот истата фраза ја преобразил во: „На дупла линија, пак ми ѕвони Лидија, уф која Лидија – качи се па види ја“!

После ова и обожавателите на Антониа имаа очекување од неа. Само кај неа место Лидија, во прашање е Столе. Како кој Столе? Овој доле… И да се затвори кругот – како што побарала една „мила на мајка“!

Ќе го има или не Столе во некој од новите рефрени на Антониа, засега останува мистерија!  Она што е сигурно – пејачката дала јавно ветување, што може да се прочита погоре,  дека… „Ќе работи на случајот“!

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa

To top