Водителката Сања Маринковиќ неодамна проговори за смртта на нејзините родители, која многу тешко јаподнела.
Сања призна дека ова се најболните теми за неа и дека избрала да ги потисне како одбранбен механизам, па сега дури и не ги знае точните датуми на нивната смрт.
– Го потиснував тоа, воопшто не ги знам тие статистики, дури не ги знам ни датумите на нивната смрт. Тоа е точно нешто што човекот несвесно го потиснува. Знам кога им се родендените, но не знам и не сакам да го знам овој друг, пострашен датум.Ме потсетува, секако, братот. Сè се случи преку ноќ. Ми кажаа дека мајка ми добила рак пред татко ми, така рекоа лекарите. Тие беа одлични борци – рече Сања, пишува Телеграф.

Да ве потсетиме, водителката претходно зборуваше за периодот кога се грижеше за своите родители кои страдаа од рак на белите дробови.
Foto: printscreen/instagram/GrandTV







