Живот и стил

Дневен хороскоп: Четврток 14-ти Март 2024 година

Дневен хороскоп: Четврток 14-ти Март 2024 година

ОВЕН
Од вас се бара да молчите, да не бидете зајадливи, да бидете толерантни и трпеливи, бидејќи изговорените критики е ви донесат непријатели. Не сте убедени во исправноста на вашите колеги. Разговорите на вашето работно место и во друштво на деловните партнери треба да се водат така што ќе слушате повеќе, а помалку ќе зборувате.

БИК
Денот е неповолен за состаноци, бидејќи сте подготвени да го споделите тоа што го планирате. Потоа ќе си се литите самите на себеси, затоа што не сте успеале или ве изневерли и покрај тоа што успехот ќе биде со вас. Не ризикувајте и размислете за околностите. На работното место, внимавајте на вашите рутински обврски.

БЛИЗНАЦИ
Не праземајте нов почеток ако тоа не е планирано. Распоредот ви е преоптоварен, ви недостига одмор. Комуникацијата и новите познанства ви носат разочарувања затоа што имате премногу доверба. Можни се проблеми со вашите пријатели. Вашата емоционална нестабилност нема да помогне да создадете добри интимни односи.

РАК
Поради лични проблеми сакате да се одмаздите и ако е можно да го срушите светот, бидејќи според вас сте неценети и намерно сте потиснати и во личниот живот и на работното место. Тоа е плод на вашата имагинација. Се лишувате од можноста да го добиете заслуженото признание. Тешкотиите се надминуваат со малку повеќе трпение и упорност од ваша страна.

ЛАВ
Бидете дискретни и ограничете ја комуникацијата. Има многу промени, но меѓу нив има и непријатни. Некои од нив не се по ваш избор, иако сте должни да ги почитувате. На работното место од утрото сте нервозни, без да сте начисто која е точно причината за да ја елиминирате. До крајот на денот ќе имате јасност во поглед на тоа.

ДЕВИЦА
Бидете воздржани во однесувањето. Ваше е да ги избегнете финансиските загуби коишто денеска ќе ја нарушат вашата самодоверба. Не ризикувајте. Откажете се од желбата да преземете проекти или потфати кои бараат големи инвестиции. Бидете критични кон сопствените можности и прилагодете се на новите околности.

ВАГА
Подгответе се за тешкотии кои се предизвикани од однесувањето на непознати луѓе. Ќе успеете и ќе блеснете со своите можности. Пазете се да не станете повторно жртва на озборувања и интриги. На работното место сте во вашиот елемент и ништо не може да го попречи вашиот успех.

ШКОРПИЈА
Премногу сте чувствителни денеска. Без прилина ве дразни сѐ што не е по вашиот вкус. Без разлика дали сте политичар, државен службеник или имате сопствен бизнис, нештата не секогаш се онака како што вие тоа го посакувате. Концентрирајте ги силите во активна работа и со разум пресудете кои се профитабилните можности за да избегнете загуби. Имате потенцијал на кој може да ви позавидат.

СТРЕЛЕЦ
Денот не е поволен за деловни состаноци и разговори поради вашата чувствителност. Бидете внимателни со новите познанства и во деловните и во личните односи. Почитувајте ги квалитетите на вашите партнери. На работното место сте опуштени и нема да имате желба да работите, бидејќи не сакате да ги исправате своите грешки.

ЈАРЕЦ
Не покажувајте преголема активност за да не му наштетите на вашето здравје и односите со вашите најблиски. Бидете воздржани. Вашиот финансиски успех зависи од вашето однесување. Бидете внимателни со изјавите и не се потпирајте на среќата. Деловните односи со новите партнери се коректни, но не брзајте да имате потполна доверба и да ги споделите вашите планови, за да не се разочарате.

ВОДОЛИЈА
Целосно сте подложни на емоции, кои ги блокираат вашите добри настапи и можноста да ги презентирате вашите идеи. Вашиот финансиски успех денеска зависи од вашата воздржаност. На работното место успевате ако сте фокусирани и упорни, но не и ако сте расеани и лековерни. Бидете сомничави за понуда за партнерство што може да испадне дека е уште еден обид да ви се наштети.

РИБИ
Тешко ви е да ја промените комплицираната ситуација создадена меѓу колегите и покрај вашата желба да интервенирате во нивниот спор. Намалете ја активноста на работното место и не оптоварувајте се со нови задачи. Задлабочете се во вашите работни обврски. Посветете се на креативноста и поправете ги односите со вашите колеги.

извор:нетпрес.ком.мк

To top