Двете и се добро познати на јавноста, особено на онаа медиумската од информативниот ТВ простор. Едната уредник и водител на Дневникот на ТВ Сител, другата неизоставно лице во Утринската програма на јавниот сервис – МТВ. Славица Цаци Арсова и Јована Костадиновска – иста фела во различен медиум, но телевизијата не е единственото нешто што им е заеднички именител.
Расни, високи, стројни, иако се во зрели години, а и реализирани како сопруги и остварени како мајки, едно нешто е кај обете евидентно: Изгледаат како топ модели, како манекенки подготвени за на модна писта.

Но, ништо не е случајно, па ни нивната манекенска линија, која сама по себе не доаѓа. За да бидеш тенка како вретено, добар дел од времето мора да ти е посветено на физичка активност од различна природа. Изборот е личен – теретана, фитнес, џогинг, јога, пилатес… не е важно, важно е да се вежба.

Тоа двете ТВ водителки многу добро го знаат, па навреме фатиле да го прават она што ќе им ги одржи и здравјето и кондицијата и убавината. Па така, сосема случајно или намерно патиштата ќе им се вкрстат, а тие двете ќе се спојат на едно место… Цаци и Јована – водителски тандем заедно на едно место пред камера, но овој пат со сосема поинаква намера!

Ако некој помисли дека е ТВ трансфер во прашање – не е, зашто ниту една не преминала од една во друга ТВ куќа, туку обете се скрасиле кај иста пилатес инструкторка!

Синхронизирани како една, како да вежбале заедно цел живот, вредни и посветени на зададената програма, не знаеш која е повредна дама, која е подобар „перформер“ во програмата насловена „Реформер“. Оттаму и пофалбите на инструкторката за двете „реформирани“ вежбачки.
View this post on Instagram
„Колку што се професионални пред камерите, толку се посветени и на себе.
ТВ водителките не блескаат само на екран – тие дисциплината и енергијата ја градат и надвор од студио, чекор по чекор, тренинг по тренинг со нас во Тринити и Јака. Reformer не е само вежбање, туку стил на живот…“ – споделила инструкторката во своите комплименти за двете ТВ дами, чии резултати и без тоа се гледаат од приложеното.
За забавата да биде комплетна, Цаци и Јована се потрудија атмосферата во вежбалната да ја зачинат со она што најдобро умеат и знаат да го прават. Обете заедно, ем физички „реформирани“, ем вербално „синхронизирани“ пред камера со една намера… да ја насмеат целата екипа.
View this post on Instagram
Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм/Slavica Arsova/jasnajakapilates





