Радио Милева Стил и љубов

Анета Љумаковска блеска на социјалните мрежи: Пејачката во црн мини фустан за велигденската емисија

Анета Љумаковска блеска на социјалните мрежи: Пејачката во црн мини фустан за велигденската емисија

Познатата битолчанка Анета Љумаковска e една од најактивните фолк ѕвезди на социјалните мрежи, каде што нејзиниот Инстаграм профил е полн со нови приказни. Кратките објави што редовно ги споделува се исполнети со моменти од секојдневието, а најчесто во центарот на внимание е нејзиниот сакан партнер Рубин.

Овој сега шармантен пар не само што изгледа совршено заедно, туку и ја инспирира публиката со нивната хармонија – тој постојано ја придружува на сцена, на настани и во приватните моменти, додека таа покрај него зрачи со самодоверба.

Анетa, како вистинска професионалка на сцената, не пропушта прилика да ги воодушеви обожателите не само со својот одличен вокал, кој ја прави незаборавна во фолк светот, туку и со  изгледот со што постојано привлекува комплименти. Така секоја нејзина појава е повод за коментари од нејзините следбеници.

Овој пат, таа го привлече вниманието  со свежи фотографии од снимањето на Велигденската емисија, каде што го покажа својот стајлинг.

Црниот мини фустан кој што го одбра за оваа прилика совршено и легна на телото. Овој модел, на многумина би им бил предизвик, но на Анета тој изгледа природно и лесно. Деколтето не беше во преден план, наместо тоа, целосно до израз дојдоа нејзините, нозе што ја направија фотографијата по впечатлива. Така, Анета одлично го  искомбинира фолк шармот со модерен изглед.

Ова не е првпат таа да ги воодушеви со вакви објави, од неодамна, Анета редовно споделува моменти од концерти, проби и приватни прошетки со Рубин, што ја прави уште поблиска до публиката. Нејзиниот придружник не само што ја поддржува на сцената, туку и ја инспирираше да доминира уште посилно во јавноста.

Foto: printscreen/Instagram anetaljumakovska2701

To top