Радио Милева роденденска фото-колаж честитка

Девојчето со мандолина, со неизмерма љубов кон својот родител: „Среќен роденден тато, фала ти што си моја светлина кога е мрак“

Девојчето со мандолина, со неизмерма љубов кон својот родител: „Среќен роденден тато, фала ти што си моја светлина кога е мрак“

Времето тече, годините минуваат, но сеќавањата и спомените остануваат. Особено ако имаме и добра причина истите да ги обновуваме, да ги рефрешираме, да се потсетуваме, кога имаме убав повод за тоа. Родендените се еден од нив. Ако уште е во прашање некој од најмилите и најсаканите, оние заради кои и ние самите постоиме, како што е роденденот на некој од родителите, тогаш радоста е уште поголема. Заради тоа што се’ уште се со нас, покрај нас, живеат за нас и нашата лична и семејна среќа, нашите успеси и достигнувања …

Токму едно некогашно мало скопско девојче,  преку грст од стари фотографии, дел од  детството, дел од сегашноста, избра начин како да му го честита роденденот на својот татко.

На нив тој со неа в скут и мандолината в рака, таа во неговите прегратки…

Уште од предучилишна возраст покажувајќи ја својата желба и афинитет кон музиката која подоцна ќе и стане и животна определба. И како естраден изведувач, музичар, автор, едукатор, професор – доктор…

И уште една – две фотографии од летните прошетки и одмори со тато, кога безгрижно растеше како девојченце пред кое допрва е животот со сите негови предизвици.

За фото-колажот да го заклучи со уште една, сегашна фотографија од ова време… Од нејзината промоција во доктор на науки на УКИМ!

Емотивна, емпатична порака полна со љубов, каква што може да ја имаат децата кон својот родител, особено една ќерка кон својот татко!

И сето  тоа спакувано како роденденска фото честитка на Андријана Јаневска до нејзиниот татко, покрај која споделила:  „Среќен роденден тато, фала ти што си моја светлина кога е мрак“!

Епа, нека е жив и здрав, нека „свети и ја осветлува“ уште долги години, нејзиниот татко Ристо!

Фото: Инстаграм/andrijana_janevska

 

To top