Многумина би рекле дека е тешко да си презентер на првите утрински вести, но кога работата ќе премне во рутина и тоа цели три децении, тогаш искусните би рекле дека работата како да „оди сама“.
Познатата ТВ презентерка Татјана Стојановска преку социјалните мрежи доби желба да покаже како изгледа нејзниното утро, односно мугрите, зашто работата за неа најчесто почнува рано, рано наутро.

Таа е на задача да ги презентира првите утрински вести во 7 наутро, но најпрво со ред…
Се средуваат најавите, па шминката, озбучувањето, тука задолжителна е самодовербата и старт, црвената сијаличка на камерата веќе свети, Татјана е во етер.
View this post on Instagram
Освен што сними видео од почеток до крај на реализацијата, таа беше и прилично инспирирана и да го опише истото вака:
Додека градот уште спие…
јас веќе сум во движење.
Бекстејџ – брза подготовка
Вести
Шминка ✔
Микрофон ✔
Самодоверба ✔
3… 2… 1…
„Добро утро “
Секој ден нова приказна.
Секој ден нов почеток.
И да…
ова е мојата сцена веќе +30 години, стои во описот на видео објавата.

Лесно или тешко, тензично или лабаво, за кого како, но за Татјана дефинитивно ова е работата која и го исполнува животот на кој веќе навикнала, зашто ако нешто не го можеш или не ти се допаѓа, тогаш излегуваш од приказната, но оваа дефинитивно е од оние успешните.
фото:Instagram printscreen/tatjana.stojanovska





