Мегафон Еден од најбараните вокали во регионот

„Чиста љубав“: Ади Шоше сними дует со Сенидах и доаѓа во Македонија

„Чиста љубав“: Ади Шоше сними дует со Сенидах и доаѓа во Македонија

 Еден од највпечатливите млади вокали на регионалната сцена, Ади Шоше, продолжува со својот силен музички подем и конечно пристигнува и во Македонија, и тоа со два концерти. На 24 април можност да ужива во неговиот магичен глас и емоционална интерпретација ќе има публиката во Битола, додека на 18 октомври следува голем солистички концерт во Скопје, во Филхармонија, во вечер која ветува вистинско музичко доживување.

Со својот неверојатен вокал, искрена емоција и харизма на сцената Ади Шоше важи за пејач кој во рекордно време ја освои регионалната публика, носејќи свежина и автентичност на музичката сцена. Инаку, роден е во Мостар и воден од семејната традиција завршил градежен факултет, но пресудила љубовта кон музиката.

Дополнителна возбуда пред неговото доаѓање во Македонија предизвика и најновата вест дека Шоше објави дует со регионалната ѕвезда Сенидах, песна која премиерно беше претставена пред белградската публика. Дуетот со наслов „Чиста љубав“ носи моќен спој на емоција, современа продукција и препознатливите интерпретации на двајцата уметници.

Говорејќи за соработката, Сенидaх вели дека се случила сосема спонтано.

Сакам соработки кои се случуваат без план, само енергија, чувство и момент. Со Ади сè течеше природно, без форсирање, токму како што треба. Кога ќе се совпаднат иста емоција и енергија, музиката сама си го наоѓа патот. Ова е една од оние песни што не се прават, туку едноставно се случуваат“, вели Сенидах.

Слични впечатоци споделува и Ади Шоше, откривајќи како започнала нивната приказна.

Се запознавме сосема случајно, на аеродромот во Франкфурт, и веднаш ‘кликнавме’. Сенидaх за мене е посебна појава, чиста емоција и вистинска дива. Привилегија е да се биде дел од оваа песна и едвај чекам да ја пееме во живо во годините што доаѓаат“, вели Шоше.

Музиката, текстот и аранжманот на „Чиста љубав“ ги потпишува Амил Лојо, долгогодишен соработник на Ади, додека визуелниот идентитет е заокружен со видеозапис во режија на Арнеј Мисирлиќ.

Концертите во Македонија се дел од неговата актуелна турнеја, и се во организација на Евентум продукција, од каде најавуваат врвна продукција и незаборавно музичко искуство за публиката.

To top