Во време на се поголема динамика на животот, физичката активност е повеќе од добредојдена. Прошетки, џогинг, спорт, фитнес, јога, теретана… што и да е, само телото да се движи. Или барем одредени негови делови. На ова особено поголемо внимание посветуваат јавните личност на кои меѓу останатото од физичкиот изглед им зависи и кариерата. Особено ако сте дел од естрадата, каде изгледот дури е можеби и поважен од останатите квалитети.
Македонската пејачка Марија Луиса Тодоровска тоа добро го знае, а веројатно не само изгледот туку и маката ја натерала, па влегла во теретана и почнала сериозно да вежба. Најмногу она што најмповеќе и треба – долниот дел од телото. Горниот и е совршен. Лице за на насловни страници, очи заводливи, усни хијалуронско напучени, гради силиконски планини, ама од папокот надолу…? Веројатно нешто не и се допаднало или имала потреба од поцврста потпора.

Затоа е тука справата која се турка со нозете и се вика лег прес (leg press). Служи за една од најефикасните вежби во теретана за зајакнување на долниот дел од телото, каде што вежбачот, во случајов пејачката е во полулежечка/седечка положба и ја турка тежината подалеку од себе користејќи ги нозете. Главни мускули кои се активираат се квадрицепсите или предниот дел од бутовите, глутеусот или мускулите на задникот, задниот дел на бутот, задниот дел од нозете и мускулите на листовите. Или што би рекле до кај што има мускули од карлица до глуждови.
Мотивот за токму ваков тренинг најдобро го знае пејачката, а причини може да има само три: естетски, практични и… љубовни!
Или што би рекле, за га*ето на Марија Луиса да и биде поцврсто и стои поткренато а не како кај некои виснато, привлечено од земјината тежа, нозете зацврснати и во бутините и во листовите, зашто стоењето на штикли со часови создава баги проблеми, а онаа третата причина? Таа е всушност благодет од збирот на првите две.
Зашто замислете вака позната убавица, уште со напрчено и цврсто, поткренато га*е колку може дополнително да ги привлече додворувачите и да им го крене… тестостеронот?

Но, не е само визуелниот бенефит во прашање, зашто одбраниот дури подоцна максимално ќе ги почувствува сите можни благодети на цврстата мускулатура на вака навежбаната Марија Луиса. Всушност и обајцата и тој и таа, најверојатно на обострано задоволство!

Но кога сме кај повеќенаменската полза од вежбањето, ем за здраво тело, ем за зацврсната мускулатура, ем за „спортско-еротска уметност“ во водењето љубов или таканаречена „интимна гимнастика“ за мускулите кои не ги гледаме и сето тоа спакувано во едно, на Инстаграм профилот libdo.world како предлог вежби за пејачката.
Колку за пример, еве и едно кусо видео, па ако и се допадне… И на наеа, а и на сите вам останати – бујрум, наместо теретана, преминете на „онлајн вежби“!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska






