Познатата македонска пејачка, инструменталист и редовен професор Андријана Јаневска, ја предупреди јавноста дека нејзиниот Фејзбук профил е хакиран.

Таа преку кратката приказна на Инстаграм, преку порака побара совет од следбениците што понатаму да превземе во врска со овој случај како жртва на измама.
– Почитувани, „Facebook“ профилот ми е хакиран. Ве молам за совет во порака што понатаму.

Пејачката, за неколку часа повторно се огласи по повод настанот и ја информираше јавноста дека е пронајден хакерот. Сепак таа ги предупреди да не ги прифаќаат нејзините пријателства од профили кои го носат нејзиното име и презиме.
– Пронајден е хакерот и пријавено е во МВР. Ве молам не прифаќајте пријателства од профили со мое име! – јасна беше таа.

Реакцијата на Јаневска за злоупотребата на нејзиното име и презиме на социјалната мрежа не била залудна, ситуацијата е решена но, сепак пејачката упатува апел никој да не прифаќа, пријателство од лажните профили.
Foto: print screen/Instagram/andrijana_janevska







