На познатата битолчанка, музичката фолк ѕвезда Анета Љумаковска јасно и е дека публиката ја сака поради тоа дека Бог ја дарил со златно грло, а за тоа пак колку е квалитетен вокал, редовно добива лавина пофалби и комплименти што ретко кој ги спори.

Доказ е што редовно е една од најангажираните пејачки на приватни веселби, па за термин да ти пее Ането се чека ред, независно кој музички состав кој ја придружува, ама сега кога и љубовта Рубин и чува грб и приватно и на сцена, тогаш таа дополнително блеска.

Дека и е убаво, се гледа и од самодовербата со која го прави своето самопретставување и визуелниот печат кој го остава пред останатите. Па така, во своето најново стилско издание кое осамна на Инстаграм, Анета е едноставан, но ултра секси во мини кусо колку една педа.

Самоуверена, доминантна, атрактивна и женствена од комбинацијата која одлично ја носи.

Со дискретна шминка, коса зачешлана наназад и минимализам во црно- бело, поза со рацете во џеб и насмевка, друго и нема потреба.

фото:Instagram printscreen/anetaljumakovska2701






