Радио Милева тага и почит

„Летај легендо“: Познатите се простуваат од својот колега и пријател Кирил Поп-Христов

„Летај легендо“: Познатите се простуваат од својот колега и пријател  Кирил Поп-Христов

Македонската јавност утрово со тага и неверување ја дочека тажната вест за смртта на познатиот македонски актер Кирил Поп-Христов, кој почина на 58-годишна возраст во Еквадор, каде што живееше последните години.

Кирил Поп-Христов во Еквадор се пресели во 2014 година заедно со неговата сопруга, кореографката Гордана Деан Поп-Христова, и нивната ќерка Јоана. И покрај тоа што беше далеку од татковината, тој остануваше актуелен преку своите објави на социјалните мрежи, кои ги растажуваа неговите бројни колеги, пријатели и обожаватели во Македонија кои му пишуваа дека им недостига.

Познатите денес со емотивни пораки на социјалните мрежи јавно се простија од него:

Актерката Весна Бејби Петрушевска…

– Ах бе Кили Будалче.

Младата пејачка Теа Трајковска…

– Уште една легенда нѐ напушти . R.I.P Кили ќе останеш запаметен како ретко фациште.

Познатата инфлуенсерка, Миа Костова…

– Летај, легендо Кили.

Инстаграм инфлуенсерот Дуци попознат како „Модернизам и ренесанса“  кој се прослави преку видеа каде прави сатира на македонското општество…

– Светол пат легендо.

Пејачката Каролина Гочева…

– Светол пат Кили.

Пејачката Тамара Тодевска…

– Почивај во мир драг Кили.

 

Кирил беше еден од македонските најпознати и најталентирани актери, со галерија на генијални улоги во македонски театарски претстави и филмови, кои оставија незаборавен белег во домашната култура. Веста за неговото заминување предизвика реакции на тага и почит од  уметничкиот свет.

Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили ќе биде погребан во местото Мангларалто во Еквадор, каде што живееше изминатите години.

Foto: print screen/Instagram/You Tube

To top