Актерка Весна Бејби Петрушевска, вчера го прослави својот 56 – ти по ред, роденден. По тој повод на нејзиниот Инстаграм профил таа сподели порака со која го привлече вниманието на следбениците.

Нејзиното трето дете, како што таа ја нарекува , Моника Милков, која Весна ја згрижи во својот дом и ја гледа како ќерка, јавно и упати емотивна честитка на македонската актерка.

Моника се потрудила и направила колаж за посебниот ден со заеднички фотки со Мина и Кирил, двете деца на Весна, а во описот напиша:
– Среќен роденден, моја Бејби Мама. Веќе 13 години си покрај мене, ден и ноќ. Беше тука кога срцето ми беше скршено, кога не го положив приемниот испит за факултет, кога многу пати не успевав да најдам работа, и кога бизнисот ми одеше горе-долу. Во секој момент ти беше тука, со поддршка, со сила и со љубов. Иако не сме поврзани по крв, ти си едно од најважните луѓе во мојот живот.
Нашиот живот е како ролеркостер, но знам дека ова е само почеток. Среќен роденден, кралице. Те сакам. Со Љубов, Твоето трето Дете.
View this post on Instagram
Инаку Петрушевска, во 2015 година, во нејзиниот дом ја згрижи и Моника , покрај Мина и Кирил, а отворено ја нарекува „моето трето дете“.

Весна во јавноста има споделено дека од мала знаела дека ќе посвои деца, а тоа и се случи, бидејќи поради ендометриоза не можела да забремени.
Foto: print screen/Instagram/vesnapetrushevska






