Американската пејачка, 44-годишната Бритни Спирс е уапсена во сојузната држава Калифорнија од сообраќајна патрола во средата во 21,30 часот по локалнио време, објавува таблоидот веб-сттаницата TMZ.
Причината за апсењето, според полицијата во округот Вентура, е тоа што Спирс возела под дејство на алкохол. Според евиденцијата на затворените лица, пејачката била ослободена околу 6 часот наутро во четвртокот по локално време. Нејзиниот тим сè уште не коментирал за целиот инцидент, а полицијата не даде повеќе информации.
Спирс во последно време ги загрижува фановите со своето однесување, забележува TMZ. Поп-ѕвездата често објавува провокативни објави на социјалните мрежи, а нејзината најнова фотографија на Instagram е токму тоа. На неа, музичката дива позира целосно гола на плажа, покривајќи го само задникот со емотикон од црвена роза. Објавата собра 150.000 „Лајкови“ за само 10 часа, но засега нема коментари.

Имено, Спирс им оневозможува на фановите да коментираат на нејзините објави на нејзиниот профил, каде што ја следат над 42 милиони луѓе. Со оглед на природата на содржината, не е изненадување што пејачката одлучила да го направи овој чекор.
Ова не е првпат познатата пејачка да провоцира на социјалните мрежи. Во декември минатата година, таа сподели кратко видео во кое танцува на луксузна јахта, но описот што го придружува видеото открива дека не било сè толку безгрижно како што изгледа на прв поглед. Бритни призна дека доживеала несреќа.
фото:Instagram printscreen/ britneyspears




