Најпознатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, ги загрижи своите обожаватели со своето отсуство од социјалните мрежи, а сега откри дека се соочува со сериозни здравствени проблеми предизвикани од стрес.
Откако неговиот скап автомобил „Брабус“ беше запален во Белград и откако против него беше поднесена кривична пријава, Бака Прасе поминува низ тежок период.
Колку е сериозна ситуацијата, сведочи фактот дека неговото барање за виза неодамна беше одбиено, поради што призна дека поминува низ пекол и додаде: „Ќе добијам шеќер“.

За време на неговото последно обраќање до своите следбеници, еден од загрижените обожаватели му постави директно прашање:
– Сув си, јадеш ли нешто?
Јутјуберот потоа си ја отвори душата и откри точно со каков здравствен проблем се справува, нагласувајќи дека е под силна терапија.
– Не јадам, многу малку, затоа што сум во неволја. Хеликобактер пилори искочи од стресот и ми го искина стомакот. Имам сериозни проблеми со стомакот веќе десет дена и моментално пијам четири антибиотици. Не знам дали ќе преживеам. Искрено се надевам. На силна антибиотска терапија сум и се надевам дека ќе се извлечам. Хеликобактер пилори не бира кога да дивее и постојано имам проблем, се лекувам и се борам – искрено рече јутјуберот.
Тој истакна дека неговата здравствена состојба е нарушена исклучиво поради голема количина стрес и страв за сопствената безбедност, како и безбедноста на неговите најблиски.

Да ве потсетиме дека откако му беше уништен автомобилот, Бака Прасе објави купување на блиндиран џип од марката „Резвани“, отпорен на експлозиви, кој чини дури 400.000 евра.
– Луѓето не го разбираат стресот што го претрпев поради автомобилот, заканата по мојот живот и луѓето околу мене. Дали некој ќе им направи нешто на мајка ми, татко ми или на Милена и јас се борам со тоа секој ден – рече видливо потресениот Богдан.
фого:Instagram printscreen/bakaprase






