Радио Милева од далечната 2000-та

Си беше еднаш… Каролина објави снимка стара цели 26 години, а еве и каква беше тогаш

Си беше еднаш… Каролина објави снимка стара цели 26 години, а еве и каква беше тогаш

Каролина Гочева денес зад себе има голем број фотосесии и возбудливи ангажмани на насловни страници на различни магазини, а неодамна не потсети, односно ни ја покажа својата прва насловна страница за тогашен „Екран“ на свои 13 години која мислела дека сега може да ја чува само нејзината баба.

Многупати ќе го слушнеме она „ех, како си лета времето, како вчера да беше“, а веќе поминала цела една деценија, две, речиси три… многу спомени, колку убави, толку и такви на кои помалку сакаме да се сеќаваме. А кога веќе тргна со навраќање во минатото, сега Керол повторно оди наназад, од спомените се разбира во објавите на социјалните мрежи.

Хронолошки после првата насловна, а потоа периодот кога нејзината популарност веќе е голема, 2000-та година и едно нејзино појавување во тогашниот актуелен ТВ магазин „99 Action“ каде е заедно со водителите Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска.

-Си беше еднаш со Биби и Мартин, напиша Каролина за видеото кое се најде на нејзините „стори“ објави.

Тогаш време на „мирц“ и одговарање прашања од публиката…

Каролина уште еднаш „не прошета“ низ времето, а нема сомнеж дека убавите чувства и носталгија по раната младост барем малку и проработеа.

фото: Instagram printscreen/ karolinagocheva/ @oktaysey

To top