Радио Милева ќе пробува нови техники

Карлеуша замина на „ремонт“ во Истанбул, ќе плати 20 илјади евра

Карлеуша замина на „ремонт“ во Истанбул, ќе плати 20 илјади евра

Пејачката Јелена Карлеуша веќе неколку дена е во Истанбул, каде што отиде да се сретне со еден од најпознатите експерти во областа на естетската медицина.

Во Турција, таа е гостинка на д-р Јазан Селчук, кој ја покани на консултација.

Музичката ѕвезда ја посети  клиниката, а се очекува дека во блиска иднина нивната средба ќе резултира со голема промена на лицето на Јелена.

Пејачката беше запознаена со најновите техники и постапката за лифтинг на лицето од страна на докторот и неговиот тим, на која сака да се подложи, со цел да се запре стареењето и да се подмлади нејзиниот изглед.

– Јелена отсекогаш избирала врвни експерти кога станува збор за естетски интервенции. Никогаш ништо не препуштала на случајот, па така е и овој пат. Иако нејзиниот распоред е доста густ, поради снимањето на „Ѕвездите на Пинк“ и последните подготовки за објавување на нови песни, таа најде неколку слободни дена за да отпатува во Истанбул, на лична покана од д-р Џазан Селчук – вели изворот за Ало.рс и додава:

– Се наоѓа во еден од најлуксузните хотели во новиот дел од градот. Доктор Џазан лично ѝ ја покажа својата клиника специјализирана за естетска медицина. Таа беше особено заинтересирана за новиот и револуционерен метод на лифтинг на лицето, на кој сака наскоро да се подложи. Кога ќе заврши интервенцијата, Ј.К. ќе изгледа барем 15 години помлада и, што е најважно, сè ќе изгледа што е можно поприродно – вели изворот, а потоа продолжува:

– Ова се процедури и техники на кои никој досега не се подложил во овој регион, а резултатите ќе бидат фантастични. Цената е околу 20.000 евра, но секое евро ќе вреди. Тие поминаа цел ден на консултации за убавина. Докторот и неговиот тим ѝ ја објаснија целата процедура од почеток до крај. Нивниот план е да го спречат стареењето колку што е можно повеќе, за да за две децении Јелена изгледа како денес – заклучува изворот.

– Бјути консултации со единствениот доктор Јазан Селчук во Истанбул – напиша пејачката на своите социјални мрежи.

фото:Instagram printscreen/mega.zvezda.jk

To top