По низата успешни синглови, македонскиот музичар, гитарист и пејач, Владо Поповски – Лаци, попознат како Џими Роџерс, кој со години живее и работи во Австрија ја претстави својата петта по ред песна на македонски, која веднаш се искачи на врвот на топ листите.
По исклучително топлиот прием на неговите претходни синглови „Како во приказна“ и „Под ѕвездите“, како и по неодамнешните „Како ти, како јас“ и четвртата по ред „Контакт“, Џими Роџерс ја изненади публиката со својот најнов проект.
Станува збор за песната насловена „Само со тебе“, која претставува негово петто остварување на македонски јазик.

Квалитетот на новата песна го препознаа и музичките радија па така „Само со тебе“ веќе се пушта на Радио Буба Мара, каде што е прогласена за Хит на неделата, а за песната Лаци спакувал и лирик видео со стиховите од истата.
Оваа песна е само уште еден чекор кон новиот албум на македонски јазик кој Џими Роџерс го подготвува со големо внимание. Со секој нов сингл, нашинецот во Австрија го потврдува својот автентичен музички ракопис, најавувајќи зрело и содржајно издание кое се очекува со големо нетрпение.







