Утринските ТВ програми се она нешто со кое започнува денот на речиси секоја позначајна телевизија во Македонија и не само кај нас. Повеќечасовна ТВ шареница, во која можете да видите и слушнете ама баш се’. Од временска прогноза, рецепти, лекарски совети, прилози од животот, социјални теми, култура, естрада, спорт, па се до вести… Ама некако најинтересни и најпримамливи на гледачите кои ја следат им се јавувањата во живо. Е тука се случуваат вистински полемики, се делат практични совети и разменуваат мудри мисли, паѓаат кавги, па дури имало и брачни понуди за водителките.
„Најпогодени“ секако се домаќинките во студиото, зашто сакале не сакале, мораат да ги ислушаат сите мудри мисли и совети, сите предлози, па дури и навреди од ТВ гледачите. Тие кои од другата страна на екранот го вртат бројот во студиото, најчесто се оние кои за тоа имаат најмногу време – домаќинките и пензионерите! И тоа не сите, туку одредена група „муабетџии“ на кои ТВ славата им импонира, па нема ден да не се јават за да полемизираат и коментираат на зададената тема на денот. МТВ, Телма, Сител, Алфа, Канал 5… во тие утрински мигови се резервирани за муабет со нивните редовни гледачи. Бомбардирани се од речиси едните исти мераклии за утрински муабет. Копчето на далечинското се притиска со еден клик и за нив секој ден е нов предизвик.

Кои гледачи најмногу ја гледаат утринската ТВ програма и како таа изгледа во нивните очи, пластично ќе ви долови и посочи познатиот комичар Љупчо Крстевски попознат како Мистер Љубе.
View this post on Instagram
Или во случајов како тоа изгледа кога Чичко Љубе најмногу ја бендисува на Канал 5 – Милена… ама и самиот себе!
Фото и видео: Инстаграм/milena_antovska/mr.ljube






