Радио Милева ужива

Ја напушти вилата во Сењак: Џина Џиновиќ се пресели од Србија поради новото момче

Ја напушти вилата во Сењак: Џина Џиновиќ се пресели од Србија поради новото момче

Џина Џиновиќ, ќерка на пејачот Харис Џиновиќ и Мелина Галиќ, одлучи да направи голем чекор во својот живот и да се пресели во Барселона.
Овој потег доаѓа по еден турбулентен период во нејзиниот приватен живот и се должи и на лични и на емоционални причини.

Нејзините денови се исполнети со посети на локални ресторани, трговски центри, играње тенис на ексклузивни терени и релаксирање на плажите на овој прекрасен крајбрежен град.

– Џина во последните месеци поминува низ исклучително стресен период. Приватни снимки протекоа во јавноста, а таа имаше потреба од одмор. Неодамна се гледаше со еден дечко кој со години живее во Шпанија, и мислеше дека единственото логично решение е да се пресели кај него и да ужива далеку од очите на јавноста – открива извор близок до Џиновиќ.

Foto: Instagram/djinadzinovic

To top