Радио Милева хормони работат

Едита го покажа нараснатото стомаче: Еве како изгледа во петтиот месец

Едита го покажа нараснатото стомаче: Еве како изгледа во петтиот месец

Пејачката Едита Арадиновиќ се истегнуваше дома, нејзиното трудничко стомаче се истакна а со тоа ги привлече сите погледи. Арадиновиќ, која очекува дете со своето поранешно момче Ненад Стевиќ, ужива во своите труднички денови, а сега покажа дека тренирањето е дел од нејзината секојдневна рутина.

Имено, пејачката сподели фотографија на својот Инстаграм на која се истегнува дома, а бидејќи носеше хеланки и кратка маица, имавме можност да видиме како изгледа во петтиот месец од бременоста.

„Растеме“, напиша таа во описот на објавата.

Ова е прв пат нејзиниот труднички стомак да биде јасно видлив. Иако неодамна призна дека нејзините „хормони работат“ и дека се прашува дали жените „полудуваат“ за време на бременоста, се чини дека пејачката го пронашла совршениот излез во вежбањето.

Foto: printscreen instagram/editaaradinovic

To top