Златна Бубамара на популарноста, оваа година ги проширува своите музички хоризонти со настапот на една повеќедеценсика соул-легенда. Taлентирана и интригантна, американската вокалистка Марта Хај (1945) се смета за една од највредните жени во шоу-бизнисот. Респектирана како „соул-божица“ и позната поради 32-годишната соработка со кумот на соулот Џејмс Браун, Марта Хај градеше две кариери – сопствената соло и кариерата на прв придружен вокал на Џејмс Браун.

Настапувала на иконични концерти, кои биле вистинска пресвртница во музиката од концертот во Бостон Гарден 1968 до серијата европски концерти со Лин Колинс, насловени „James Brown’s Funky Divas Tour“ во 2005. Од своите почетоци во 1967, кога како членка од групата The Jewels го придружуваше Џејмс Браун, Марта Хај остана негов повеќедецениски придружен вокал следните 32 години. И кога The Jewels се растурија. Во децениите со него, снимаше и самостојни албуми како „Sal Soul“ во 1979, продуциран од Џејмс Браун. Во нејзината кариера е вклучено и создавањето на неколку соул – групи.

Биографија на Марта Хај објаснува зошто е наречена највредната дама во шоу-бизнисот. Настапувала и со некои од најпознатите музичари, како Литл Ричард, Џери Ли Луис, Темптејшн, Арета Френклин, Пати ЛаБел, Б.Б.Кинг, Мери Џи Блајџ, Стиви Вондер, Принс, Мајкл Џексон, Полис и многу други. Нејзинитот моќен вокал и денес звучи чудесно и потпишува обемно музичко наследство, во кое освен соул и фанки, има и многу блуз и џез – мелодии.

-Со нетрпение чекам да настапам пред публиката на Македонија – порача Хај пред нејзиниот настап на овогодишната 29. Златна Бубамара на популарноста, на која ќе и биде врачена награда за животно дело.

Таа ќе ја изведе култната „I Feel Good“ – во очекување сите во салата Борис Трајковски да се чувствуваат добро во вечерта на 26 февруари, на 29. Златна Бубамара на популарноста.
Покрај соул божицата и легендарната британска соул, фанк и диско група Delegation, која остави неизбришлив белег на музичката сцена во 70-тите и 80-тите години и ги
освои Европа и САД со својот препознатлив звук, ќе настапи на 29. издание на Златна Бубамара напопуларноста на 26 февруари во Арена Борис Трајковски. За својата извонредна кариера, групата ќе ја добие исто така наградата за животно дело.

Срцето и гласот на групата е незаменливиот Ricky Bailey, основач и водечки вокал кој уште од 1976 година ја води Delegation до интернационален успех.
Со нивните најголеми хитови како „You and I“, „Darlin’ (I Think About You)“, „Oh Honey“, „Where Is the Love“, „Heartache No. 9“ и „ Put a little love on me “, песни кои ја дефинираа ерата на британскиот соул и фанк продолжуваат да пленат и денес.

Настапот ќе биде дополнет од Andy Williams, исклучителен туринг клавијатурист кој настапувал со легендарната група Hot Chocolate, носејќи ги на сцена сите богати звучни текстури, синтисајзери и електрично пијано што го создаваат препознатливиот звук на Delegation.

Овој настап ќе биде вистински празник на музиката, емоциите и трајната магија на Delegation, а годинешното мото на Златна Бубамара – „Апсолутна власт, апсолутна забава“ – ќе добие свое вистинскозначење на сцената на 26 февруари.
Две музички легенди за легендарното издание на Златна Бубамара на популарноста.
Фото: Инстаграм/marthahighofficial/







