Водителката Јована Јеремиќ објави видео на Инстаграм на кое покажува како се подготвува за ноќно излегување во деколте. Јована Јеремиќ повторно успеа да привлече внимание од јавноста, овој пат не со изјава за интимни врски, туку со провокативно видео направено додека се подготвува за ноќно излегување.
Водителката, која објави жешко видео во костим за капење, носеше беж градник и фустан во речиси иста нијанса, кој постојано го местеше во кадарот, додека цело време нејзината долна облека се гледаше под ткаенината. Видеото брзо предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Дополнително внимание привлече реакцијата на нејзиниот нов партнер, боксерот Милош Стојановиќ Тигар, кој не можеше да одолее, и веднаш ја поддржа објавата со лајк.
– Не сум најубава, но сум најфатална – рече Јована во видеото, јасно ставајќи до знаење дека ужива во својата самодоверба и знае како да привлече внимание.
фото: print screen/Instagram/jeremicjovana





