Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ откри детали од своите настапи на ромските фестивали.
Водителот Урош Божиќ претходно во една прилика изјави дека доживеал непријатна ситуација поради Цеца, бидејќи пејачката го замолила домакинот да го заклучи во соба. Како што тврдеше, Цеца се срамела да настапува на таков фестивал, но сега за прв пат проговори за тоа.

– Кога станува збор за бакшиш, тоа е нешто што претставува чест и знак дека она што го правиш, го правиш одлично. Настапувам сто години, а случајно настапувам и на приватни прослави и ромски свечености, што за мене претставува забава, луксуз и богатство – рече Ражнатовиќ во емисијата „Цеца шоу“ и додаде:
– Секогаш настапувам саат време. Понекогаш добивам бакшиш, кој често го давам на бендот, но никогаш не одбивам да го прифатам. Мислам дека тоа би навредило некого.
Foto: printscreen/Instagram/cecaraznatovic







