Радио Милева под истрага

Уапсен 23 годишник кој го запали возилото на Бака Прасе

Уапсен 23 годишник кој го запали возилото на Бака Прасе

Белградската полиција експресно го откри и го приведе лицето кое го потпали луксузниот автомобил на најпознатиот балкански јутјубер.

Станува збор за 23-годишниот З.Р. кој е идентификуван како сторител на инцидентот што се случи на улицата „Херцеговачка“ во елитната населба Белград на вода.

Дежурниот јавен обвинител веднаш му одреди 48-часовен притвор, а младиот пироман сега се соочува со сериозни обвиненија за предизвикување општа опасност.

Истрагата треба да покаже дали тој дејствувал сам или по нечија наредба.

фото:Instagram printscreen/bakaprase

To top