Мегафон знаете каде да ги најдете...

На 9-ти мај во СЦ Јане Сандански: Нокаут со концерт кој само вам ви припаѓа!

На 9-ти мај во СЦ Јане Сандански: Нокаут со концерт кој само вам ви припаѓа!

После 30 години постоење на македонската естрада во оваа 2026-та година ќе знаете каде да ги најдете на нивната специјална концертна вечер… На 9-мај во сабота, во 21 часот во СЦ Јане Сандански еден од најголемите македонски бендови „Нокаут“ со концерт кој само вам ви припаѓа!

Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…

Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.


Она што за многумина е само желба и фатална опсесија, Нокаут се подготвени да ви го претворат во незаборавна импресија.

Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, единствениот Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.

9-ти мај, СЦ Јане Сандански во 21 часот, концертен спектакл – 30 години Нокаут. Билетите знаете каде да ги најдете… Од среда, 18 февруари на www.wayin.mk

To top