Познатиот македонски пејач со белградска адреса, Даниел Кајмакоски, доживеал вистинска драма во Белград, кога по настапот во Бетон хала бил киднапиран, а потоа пронајден врзан во автомобил од кој киднаперите побегнале.
Сега за „Блиц“ се огласи неговата сопруга Марина, која открива како македонскиот пејач се чувствува во моментов.
„Што да ви кажам, сите сме под стрес. Даниел сега е во ред, се опоравува и е тука со нас, а што се однесува до целиот случај, поради истрагата не смееме ништо да зборуваме. Сè е пренасочено кај адвокатот, а јас ги молам сите за разбирање“, раскажува Марина.
Вели дека целото семејство е под голем стрес и дека е исплашена.

„Полицијата помина овде и мојот сопруг веднаш излезе, ги слушнал кучињата како лаат во текот на ноќта. Кога излезе, ми кажа дека полицијата го прашала дали видел некого, а тој им рекол дека не видел никого. Полицијата поминуваше овде, ги бараше, синоќа беа тука два часа, но никого не пронајдоа. Имаше многу полиција, џипови, автомобили, насекаде беа“, открива Марина Кајмакоска за „Блиц.рс“.
фото:Instagram printscreen/marina_kajmakoska






