Радио Милева да стане појасно

Тамара со прва реакција по објавите дека е крај на љубовта со Лука

Тамара со прва реакција по објавите дека е крај на љубовта со Лука

Како личност која будно следи се’ што осамнува на социјалните мрежи, пејачката Тамара Тодевска и тоа како  е добро упатена во она што секојдневно осамнува како наслови по порталите за нејзината приватност, односно наводниот крај на врската со партнерот Лука Радовиќ.

Уште еден потврден коментар дека за Тамара и Лука веќе готово е?! „Ти заслужуваш вистински маж покрај себе…“

 

Се поизвесната разделба, иако официјално остана „да виси“ како непотврдена, Тамара сега повторно се огласи со нова објава.

Овој пат по онаа каде објави дека е „сингл“ мајка ставена пред предизвикот на нова врска, сега дополнително сакаше да нагласи што е она кое единствено и треба за почеток на годината.

За старт, влез во топол базен на отворено.

-Сѐ што треба за почеток на 2026: моите најсакани, нови пријателства, снежна идила и неверојатно топла атмосфера и врвна услуга. Уживајте во цела година, напиша таа.

За потсетување, Тамара Тодевска деновиве беше на зимување заедно со децата на Копаоник, додека претходно беше во Барселона заедно со долгогодишниот пријател Зоки Бејбе.

Минатото во поглед на фото спомените од двеипол годишната врска со архитектот Лука Радовиќ, веќе заминаа во „виртуелната канта“ и кај двајцата.

фото:Instagram printscreen/tamaratodevska

To top