Радио Милева предизвика лавина од коментари

Ги покажа мускулите во седмата деценија – Зоран Пејиќ Пеја се сними во теретана

Ги покажа мускулите во седмата деценија – Зоран Пејиќ Пеја се сними во теретана

Водителот Зоран Пејиќ Пеја предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи кога објави фотографија од теретана.

Пеја, позираше во тесна црна маица, покажувајќи ги мускулите, стегајќи ги со сета сила.

Следбениците го обсипаа Пеја со комплименти, истакнувајќи дека изгледа одлично и дека може да стои рамо до рамо со многу помлади мажи.

Познато е дека водителот се грижи за себе, но знае и како да ужива кога прави пауза од работата. Тој не го крие фактот дека оди на одмор неколку пати годишно и секоја пауза ја користи максимално.

– Сè уште нема да се пензионирам. Можеби би можел да се пензионирам за околу десет години. Додека ме викаат на тезги, на забави, додека работам на тие најскапи забави, мислам дека луѓето ме ценат и почитуваат, па затоа не можам да се пензионирам. Дури и да си заминам, некој ќе ме викне, па затоа нема пензија за нас во забавната индустрија. Кога станува збор за одмор, сакам да ја искористам секоја пауза од работа за да патувам некаде во странство – рекол Пеја.

Foto: Printscreen/Instagram/zoran_pejic_peja/facebook/FAN KLUB ZORAN PEJIC-PEJA

To top