Радио Милева едноставно прекрасна

Невеста како од моден магазин: Тајно се омажи екс- сопругата на Огњен Амиџиќ

Невеста како од моден магазин: Тајно се омажи екс- сопругата на Огњен Амиџиќ

Манекенката Данијела Димитровска тајно се омажи за Црногорецот Јеврем Косаниќ, кој е 6 години помлад од неа. Ова е нејзин втор брак, таа е поранешна сопруга на водителот Огњен Амиџиќ со кој го има синот Матеја.

По црковната венчавка, двојката одржа интимна прослава во еден белградски ресторан, а Данијела блесна во елегантен минималистички фустан кој ги остави сите без зборови.

За нејзиниот посебен ден, таа носеше бела венчаница од Викторија Бекам кој чини околу 1.300 евра. Станува збор за модел кој ја следи линијата на телото, што дополнително ја истакна витката фигура на манекенката.

Изгледот го надополни со елегантни бели чевли со сребрени детали, кои се креација на дизајнер од Полска кој го обожаваат холивудските ѕвезди како Лејди Гага и Кети Пери. Нивната цена е 1.400 евра.

– Моето засекогаш да, 27.01.2026. Тивко, во мал круг. Наскоро сите ќе славиме заедно – напиша Данијела.

фото:Printscreen/Facebook/Danijela Dimitrovskaa

To top