Познатата фолк пејачка Татјана Лазаревска, која веќе некое време успешно живее и работи во сончевиот Мелбурн, Австралија, продолжи да ги воодушевува следбениците на социјалните мрежи.

Пејачката редовно споделува фотографии од дружења, настани, семејни прошетки со сопругот и децата, но и професионални фотосесии.

На најновата објава на нејзиниот Инстаграм профил на кратката приказна од топлиот Мелбурн, Татјана дефинитивно зрачи со неверојатен сексапил. Ретко жена над педесет години има храброст да се истакне вака самоуверено, а коментарите „старее како добро вино“ целосно ги потврди.

Татјана не само што покажа дека се подмладува, туку со оваа фотографија ги затопли сите – од локалните фанови во Австралија до оние во Македонија. Додека се сонча и ужива во австралиското сонце, можеме со сигурност да кажеме дека Татјана изгледа прекрасно.
Foto: print screen/Instagram/tatjanalazarevska_official





