Мегафон даруваме книга

Giveaway на Вистина во соработка со Клуб Матица!

Giveaway на Вистина во соработка со Клуб Матица!

Ви подаруваме примерок од книгата „Последната љубовна песна“ од Лусинда Рајли, во издание на Матица Македонска.
📖 Кратка содржина:
Последната љубовна песна е ненадмината приказна за љубовта и за уништувачката загуба, сместена на селското западно крајбрежје на Ирска и во гламурозниот Лондон, во 1960 година. Откако Сорка О’Донован ќе го запознае Кон Дејли, неверојатно привлечен градски отпадник и музичар, нејзините денови веќе нема да бидат исти. Кон доживува вртоглав успех со рок-бендот Рибарите во Лондон, но нивните животи се менуваат до непрепознатливост зашто ќе се појави и мрачната страна на славата… а разорните тајни од минатото се закануваат да му уништат сè што постигнал.

Дваесет години подоцна Рибарите прифаќаат одново да се соберат за добротворниот концерт Музика за живот, на стадионот Вембли. Ама, Кон исчезнал пред повеќе од една деценија… и постои само еден човек кој може да открие што се случило. Само еден човек којшто знае колку е важно и неопходно да се открие вистината навреме, затоа што, ако се појави Кон, пред да испливаат сите факти, тогаш историјата ќе се повтори со уште потрагични последици.

Лусинда Рајли ја напиша Последната љубовна песна како Лусинда Едмондс, сега преработена и оживеана од Хари Витакер, синот на Лусинда и коавтор на Атлас: Приказната за Тате Солт.

🏆 Награда:
Добитникот ќе добие една книга „Последната љубовна песна“ од Лусинда Рајли, која може да ја подигне во книжарницата Матица Ексклузив, ул. Ѓуро Стругар бр. 13 (покрај Министерството за финансии). Контакт телефони: 02/3226652 или 02/3221 138.

👉 Како да учествувате?

Лајкувајте ја фан страницата на Вистина: facebook.com/vistina.com.mk

Во коментар тагнете пријател/ка.

Споделете го овој пост на вашиот профил.

✅ Секој учесник може да остави повеќе коментари и да тагне повеќе пријатели (со тоа си ги зголемува шансите за добивка).

📌 Правила на игра:
Giveaway-от трае до 02.02.2026.

Добитникот ќе биде избран по случаен избор и ќе биде известен во порака од фан страната на Вистина.

Наградата не може да се заменува за пари или друг производ.

Секој добитник лично ја подига книгата во книжарницата Матица Ексклузив.

To top