Мегафон порака за женска солидарност

Модна ревија посветена на македонските традиционални занаети

Модна ревија посветена на македонските традиционални занаети

Уникатни модни креации изработени од жени од осум општини во Македонија ќе бидат претставени на ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“, која ќе се одржи денес (30 октомври) од 19 часот во Музејот на современата уметност во Скопје.

Ревијата ја организираат Амбасадата на Словенија во Скопје и здружението „Центар за добредојде во Македонија“, во рамките на проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаети и одржливост“, поддржан од словенечката амбасада.

Преку проектот, жени од осум општини ги развивале своите вештини во традиционалните занаети, креативноста и одржливото создавање, а нивните рачно изработени креации ќе бидат претставени пред публиката

. Креациите ќе ги носат жени од дипломатскиот кор и од јавниот живот, испраќајќи порака за женска солидарност и еднакви можности.

фото:msu skopje

To top