Живот и стил

Рецепт за бајадера со бадеми

Рецепт за бајадера со бадеми

Убава и брза бајадера со вкус на бадеми и бело чоколадо.

Состојки:

50 грама мелени ореви
2 големи лажици мелени бисквити
50 грама шеќер
50 грама шеќер во прав
2-3 големи лажици вода
1 пакетче ванилин шеќер
по вкус ароматичен ликер
100 грама сецкани бадеми
50 грама бело чоколадо
50 грама кокос
20 грама путер

Подготовка:

На тивок оган сварете сируп од шеќер, вода, ванила и додадете ликер по желба. Тргнете го сирупот од оган, па додадете мелени ореви и бисквити. Бадемите, шеќерот во прав и кокосот измешајте ги во една кеса за замрзнување, протресете и сите состојки рамномерно ќе се соединат. Стопете го путерот и белото чоколадо и додајте во мешавината од кокос и бадеми. Добро измешајте се заедно со смесата од ореви и бисквити, ако е потребно додадете малку шеќерен сируп за да се добие меко тесто. Во калап 21×18, намастен и дното покриено со фолија, истурете го тестото и добро израмнете. Ставете го фрижидер да се стегне и готовата бајатера исечете ја во правоаголна форма.

Фото: Magnific

To top