Радио Милева тажен спомен

Вака изгледала последната средба на Дино Мерлин и Халид Бешлиќ: „Се смеевме дека ќе ја измамиме смртта“

Вака изгледала последната средба на Дино Мерлин и Халид Бешлиќ: „Се смеевме дека ќе ја измамиме смртта“

Во октомври минатата година почина легендарниот пејач Халид Бешлиќ, чија смрт го потресе целиот регион. Илјадници луѓе се собраа да му оддадат последна почит на Бешлиќ, а во таа пригода зборовите на Динo Мерлин ги потресоа сите.

Дино Мерлин потоа низ солзи откри каква била неговата последна средба со Халид.

– Дремеше и пцовка му се лизна од усните кога се сврти на страна. Му раскажав за некои фори, се смеевме. Се смеевме за да не плачеме, да ја измамиме болката, да ја измамиме смртта – почна тогаш Дино Мерлин, а потоа продолжи со грутка во грлото:

– Му донесов чоколадо. Го галев по косата, рацете и нозете… Што е минимализам, нешто толку едноставно и посебно. Нешто потребно како брашно, хартија, сол… нешто топло како нашиот Халид. Многу вода ќе тече низ Босна дотогаш, додека не се роди таква душа. Каде и да си, ти си сакакан.

Овие зборови ги расплакаа сите присутни, особено синот на Халид,  слушајќи ја приказната за нивната последна средба.

фото:Instagram printscreen/ dinomerlin

To top