Радио Милева се користите со цензура...

Пејачката Дијана Оу Џи на АВАМУ му го направи „партали“ водичот за инфлуенсери: Може да ви измасираат еден прст или да ви дадам една голтка од кафето, оти да ми земете 0,5% од услугата – е толку!

Пејачката  Дијана Оу Џи на АВАМУ му го направи „партали“ водичот за инфлуенсери: Може да ви измасираат еден прст или да ви дадам една голтка од кафето, оти да ми земете 0,5% од услугата – е толку!

Инфлуенсерите, јутјуберите, тик-токерите… и на сите останати што на некој начин остваруваат некаков профит од социјалните мрежи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВАМУ) реши да им ја „скрои капата“, подготвувајќи закон со кој наводно треба да ја регулира нивната работа.

Иако во оваа сфера има мноштво нејаснотии, од тоа дали социјалните мрежи воопшто се медиуми, а инфлуенсерите , јутјуберите, тик-токерите и останатите тогаш дали се медиумски работници, некој проценил дека тука се врти добра паричка, ама демек на црно, па решил да чепне и од ова зрно профит.

И нејсе, но претходно како што е познато треба да се воспостават и правила на игра, зашто законите не се тресат од ракав, туку кога се носта претходно треба да постои сериозна стручна анализа, јавна расправа, ползување на туѓи искуства и слично. За да не биде потоа секој втор ден некој да паѓа на суд, па АВАМУ да се најде ни ваму ни таму…

Први кои се засегнати од најавените законски регулативи, се разбира се оние кои од рекламирањето и заработуваат. Услуги, производи, разна стока, храна, облека, козметика, патувања, курсеви, студија, грижи за домашни миленици… Кој што стигнал. Меѓу нив мноштво и од јавните, познати личности, кои својата медиумска популарност ја користат за допонителна заработка а понекогаш и само услуга на некои од нивните блиски пријатели.

Една од оние која прва реагираше на потенцијалните законски правила на игра во инфлуенсерството е македонската пејачка и инфлуенсерка, траперката Дијана Оу Џи, која читајќи го објавениот  таканаречен „ВОДИЧ ЗА ИНФЛУЕНСЕР(К)И, ВЛОГЕР(К)И, КРЕАТОР(К)И НА СОДРЖИНИ“ на АВАМУ, во него нашла куп нејаснотии!

Пејачката како што ја дал Господ „без влакна на јазикот“, се огласи на своите Инстаграм приказни за јавно да го искаже своето незадоволство од „чудните критериуми“, па на   АВАМУ му го направила „партали“ водичот за инфлуенсери.

Меѓу останатото, она што се плаќа како услуга не со кеш пари или на фактура, туку со услуга за услуга во натура, е најспорно за пејачката, која саркастично им посочила како во тој случај  ќе може на пример АВАМУ да го наплати својот процент.

„Може да дојдете да ви измасираат еден прст или да ви дадам една голтка од кафето, оти да ми земете 0,5% од услугата – е толку!“ – меѓудругото им порачала на „аудиовизуелните медиумски даночници“, Дијана Оу Џи!

Фото: Инстаграм/ iamdijana.og

To top