Синот на Тони Михајловски, Александар, дефинитивно има смисла за хумор и талент за глума, ама не и за скијање.
Младиот актер Александар, кој на социјалните мрежи е попознат како „син на мајка“, од најновата објава не постави сцена од неговите хумотистични сценирани видеа, туку жива висина од она што го снашло на скијање.

Сакајќи и да скија и да снима истовремено, Александар сметајќи дека вешто може да го изведе тоа како професионалец, опасно се излажа!
Па така, ако од старот на видеото се гледа како расположен и под висок напон на адреналин се спушта по стрмната ски- патека, за веќе од следниот кадар тој е во болница со повреда на ногата додека докторот му помага да направи некој чекор.
View this post on Instagram
Александар од скии, завршни на патерици, за жал!

Армијата следбеници му посакаа брзо закрепнување, а не исостанаа ниту оние кои на духовит начин се обидоа да му посакаат повредата да минува полесно.
„Некој ја има урочено елката,со помин нека е“, „Добредојде во „Jackass“, „Плукна ли? Да си најдеш паричка“… и уште многу такви.
фото:Instagram printsreen/sin.na.majka






