Живот и стил

Направете крцкави ванилици со ореви кои се топат во устата

Направете крцкави ванилици со ореви кои се топат во устата

Ванилиците со ореви се вистински класик на мали колачи кои лесно се подготвуваат и уште полесно исчезнуваат од чинијата. Не бараат многу состојки, а нивниот вкус и арома ќе ве освојат при првиот залак.

Меки, миризливи и толку ровки што буквално се топат во устата, тие се совршени за секоја пригода.

Состојки:

275 грама обично брашно
125 грама шеќер
100 грама мелени ореви
200 грама ладен путер
едно јајце
прстофат сол
За декорација ќе ви треба мелен ванилин шеќер и шеќер во прав.

Подготовка:

Во голем сад измешајте го брашното, шеќерот и солта. Потоа исечете го ладниот путер на коцки и додадете го во садот заедно со мелените ореви и јајцето. Брзо замесете го мазното тесто.

После тоа, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го на ладно место еден час. Развлечете го тестото во ролат широк околу 1,5 сантиметри и исечете го на парчиња долги 8 сантиметри.

Обликувајте го секое парче тесто како кифличка и ставете го на плех обложен со хартија за печење. Печете ги ванилиците во претходно загреана рерна 15 минути на 180 степени. Добро изладете ги пред да ги извалкате во мешавина од шеќер во прав и ванилин шеќер.

 

извор:попара.мк
фото:You tube printscreen/ Recepttura

To top