Живот и стил

Гибаница со сирење

Гибаница со сирење

Сочна одвнатре крцкава однадвор, многу вкусна, погодна за секоја пригода, едноставна и брза за подготовка, а секогаш излегува одлично.

Состојки:

500 грама кори за пита
300 грама сирење
3 јајца
500 грама кисело млеко
растопен путер или маргарин по потреба

Подготовка:

Сирењето, јајцата и киселото млеко, добро изматете ги и додадете малку сол по желба. Растопете путер и раширете ги корите. Секоја кора премачкајте ја со путер, и ставете од филот да се распореди по целата површина, освен на околу десет сантиметри од крајот, завиткајте го. Искористете ги сите кори и фил, и ставете ги во намастен плех за печење. Одозгора премачкајте со преостанатиот путер и ставете во рерна на околу 200 степени, додека не добие убава боја.
Уживајте!

фото:freepik
Izvor: Kurir

To top