Македонската популарна ТВ водителка Милена Антовска Станковска денес, 13 јануари има посебен ден.
Водителката денес слави роденден, а по тој повод на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна се појави преубава фотографија од неа, во чест на нејзиниот роденден.

Имено, изненадувањето беше од нејзините колеги од утринската програма „Здраво Македонијо“ кои први и јавно и честитаа со порака.
View this post on Instagram
– Денес ѝе роденден на нашата Милена Антовска. Продолжи да блескаш – стоеше во описот на фотографијата придружено со симболи на среќна детелина и торта со свеќички.
Милена изненадувањето веднаш го сподели па со насмевка и позитивна енергија го започна денот.

Честитки, Милена! Нека ти биде полн со убави моменти, професионални успеси и многу блескање!
фото: printscreen/instgaram/milena_antovska





